Гимназијалци се едуцираа за менталното здравје
Ученчки од охридската гимназија направија едукативен краткометражен филм на тема „ Депресија“. Средношколките, од II година, Наталија Танеска и Марија Зороска преку својот авторски филм на своите соученици сакаат да им ја доближат темата за менталното здравје кое е посебно кревко во периодот на адолесценција.
„Идејата е да се прикаже реалистичната слика на тоа како може нештата да изгледаат и дека не е секако ко што изгледа на прв проглед. Некоја личност која што навидум се смее, може да е тажна длабоко во себе. Целта беше да се докаже дека треба да сме атентивни кон луѓето околу нас и дека треба знаеме дека секој поминува низ битки за кои што можеби пред останатите не зборува.“, вели Наталија Танеска.
Проекцијата на филмот беше одржана денеска на настан за одбележување на Светскиот ден на менталното здравје организиран во Гимназијата „Св. Климент Охридски“. На настанот беа претставени уметнички творби на тема „Ментално здравје“ изработени од учениците од втора година, под менторство на професорката Виданка Мојсоска.
Дискусија на тема „Дилеми околу употребата на медикаментозна терапија“ се одржа со д-р Елена Сотироска, психијатар. Др. Сотироска смета дека во некои ситуации одредени форми на анксиозност бараат и краткотраен медикаментозен третман, но првенствено апелира на поголема поддршка и зголемено советување на адолесцентите за зачувување на менталното здравје.
„Со оглед на промените кои се настанати тековно во светот, социјални мрежи, ковид состојбата, пост ковид промените и цела промена на стил на живот на младите се повеќе се среќава потребата по психијатриска помош на адолесцентитет. Затоа алармирам кон зголемено советуванње на адолесцентите и поголема поддршка за барање психичка помош затоа што тоа е непходно да се зачува менталното здравје а со тоа психофизички да функционираат подобро во секојдневието.“, смета д-р Елена Сотироска.
Младите насекаде и постојано се изложени на фактори кои предизвикуваат стрес кои понекогаш ги надминуваат нивните капацитети да се справат со тоа. Некогаш е тоа видливо и се забележува но некогаш е маскирано без можност да се детектира доколку не сме во поблизок контакт со нив вели м-р Алберта Гулицовска, психолог во училиштето.
„Да се грижат за себе си, популарно селф кер да си посветуваат време на себе и активности што ги прават среќни да се посветвуваат на учење нови работи хоби било да членови на активности, хорови драмски секции и што ги прави среќни и ги полни со енергија. Одржување на здрави релации, блиски релации со домашните а понатаму со другари со пријатели и пошироко.“, м-р Алберта Гулицовска.
Охридската гимназија веќе неколку години по ред се приклучува кон иницијативата на Светската федерација за ментално здравје. „Менталното здравје и благосостојбата за сите да се направи глобален приоритет“е годинешното мото на Светскиот ден на ментално здравје кој начелно се одбечежува на 10 октомври, а во текот на целиот месец се организираат настани со цел да се покрене свеста за превенција и навремен третман на менталните растројства.