Skip to main content

Црвен крст Охрид

Гимназијалците денес ја даруваа својата скапоцена течност

Уште една успешна крводарителска акција.
 |  инфодеск  | 

Денеска, од 9-12 часот, Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузија-Охрид и Гимназијата ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид реализираше успешна крводарителска акција во просториите на Службата за трансфузија-Охрид.

-Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност, се вели во соопштението од Црвен крст Охрид.