Вчера во ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид во соработка со ТППЕ Охрид, СВР Охрид и Црвен крст Охрид беше изведено “Сценарио за показна вежба на евакуација”.
-Според однапред утврдено сценарио, учениците предводени од своите класни раководители и координирани од останатите професори и вработени, внимателно ги проследија инструкциите за евакуација во случај на земјотрес.Ваквите показни вежби ги подготвуваат учениците, професорите и другите вработени да можат најсоодветно да изреагираат во евентуална кризна ситуација.- информираат од училиштето.

