
Охридските гимназијалци со прва, втора и трета награда на хакатонот на „Зелена Младина Зелен раст“ кој се одржа од 12ти до 13ти март 2025 година во хотел Дрим, Струга. Хакатонот, кој инаку е натпревар на кој треба да осмислат режение на определен „бизнис предизвик“, има за цел цел да ја поттикне соработката на младите, граѓанските организации и медиумите во одговор на главните теми од Зелената агенда (циркуларна економија, климатски промени, биодиверзитет, борба против загадувањето и одржливи системи за храна и рурални области).
– Учениците од втора година Иво Георгиески, Асим Хана, Јаќимоска Марија, Димитриеска Симона, Трајческа Сара, Шиникоска Марија и Шутаревска Јована под менторство на професорката по хемија Јасминка Иваноска зедоа учество во хакатонот. Овогодишната тема на хакатонот беше Food Waste. Во работата по тимови Јована Шутаревска доби прва награда, Симона Димитриевска и Марија Шиникоска втора награда, Иво Георгиески и Сара Трајческа трета награда за идеите и презентациите на темата FOOD WASTE. Сите ученици се здобија со сертификати официјални покани за летен камп, информираат од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид.
Инаку, проектот е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија и Фондација Можности со времетраење од 1 март 2024 г. до 28 февруари 2027г.
Гимназијалците можат да се пофалат и со уште едено достигнување: Климент Велкоски од IV год. освои трета награда на XXXVI државен натпревар по информатика – област програмирање, кој се одржа минатата сабота на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје. Климент се натпреваруваше под менторство на проф. Елизабета Левеска. Илија Волканоски од III година доби пофалница.