Симона Димитриеска, ученичка во прва година во ОСУ „Св Климент Охридски“ паричните средства од освоена награда ги донира за новогодишни пакетчиња на деца со посебни потреби. Со средствата беа обезбедени 51 новогодишно пакетче кои беа подарени во Игротека Радост од Здружението ,,ВОПС” и на Здружението Tajnite na Moeto Srce – Тајните на Моето Срце.
„Клименте – светост на мојот град” напишана од нашата гимназијалка Симона Димитриеска зрачи со човечка вредност која ни донесе награда преку којa таа ја искажа својата доблест и го зеде својот златен клуч отворајќи го големото срце за хуманост. Хуманоста е доблест и златен клуч на големото срце на Симона – ИМА ЗОШТО ДУША ДА Е! Како ментор сум навистина горд и искажувам огромна благодарност од името на Симона и соученичката Марија Шиникоска од I-7 до Здруженијата каде бевме топло пречекани.„ – вели професорот по Македонски јазик и литература, Перчо Божиновски.