Гладијаторите ќе ја пречекаат екипата на Еурофарм Пелистер 2
Охридските ракометари во сабота ќе го одиграат последниот натпревар на домашен терен во 22-то коло од Супер лигата, против екипата на Еурофарм Пелистер 2. Натпреварот е со почеток во 18 и 30 часот.
| | Охрид
Во сабота, 26-ти февруари, Градскиот ракометен клуб Охрид ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен во регуларниот дел од Супер лигата против екипата на Еурофарм Пелистер 2.
Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 18 и 30 часот.
Влезот ќе чини 50 денари.