Skip to main content

„Гладијаторите“ подобри од Стружани во езерското дерби

ГРК Охрид со победа од 21-20 против Струга ги заврши натпреварите на домашен терен за сезонава. Во последното коло „Гладијаторите“ гостуваат во Битола кај Еурофарм Пелистер.

 |   | 

Охридските ракометари беа подобри од Стружани во натпреварот кој се одржа синоќа и заврши со резултат 21-20. Езерското дерби помина во знакот на прерано починатиот голман на ГРК Охрид, Никола Данилоски.

Најефикасни во составот на Охрид беа Николов со пет погодоци и Соколов со четири, а на висина на задачата беше и чуварот на мрежата Брауновиќ.

Со ова „Гладијаторите“ ги завршија натпреварите на домашен терен за сезонава.

Во последното коло ГРК Охрид гостува кај битолски Еурофарм Пелистер.