Skip to main content

Гладијаторите со победа над Ловчен на пријателски натпревар во Црна Гора

Гладијаторите го одиграа вториот пријателски натпревар во Црна Гора, против екипата на Ловчен од Цетиње. Охрид со одлична игра до нова доминатна победа со седум голови разлика.

 |   | 

Гладијаторите го одиграа вториот пријателски натпревар во Црна Гора, против екипата на Ловчен од Цетиње. Охрид со одлична игра до нова доминантна победа со седум голови разлика.

Во текот на целиот натпревар, Охрид беше во водство од неколку голови. На крајот од првото полувреме со пет гола разлика 12:17, за на крај од натпреварот со убедливо водство од 7 гола разлика да го заврши натпреварот 25:32.

Најдобри стрелци на натпреварот беа Мице Шилегов со 7 и Михајло Младеновиќ со 5 постигнати голови. 

Јагош Брауновиќ уште еднаш ја докажа одличната форма и запиша 16 интервенции.