Гладијаторите со триумф над прилепчани
Охридските ракометари со триумф над Прилеп ја заокружија втората фаза од подготовките за новата сезона во Супер лигата.
| | Охрид
Охридските ракометари со триумф над Прилеп ја заокружија втората фаза од подготовките за новата сезона во Супер лигата.
На домашен терен во „Билјанини извори“, Гладијаторите ги совладаа прилепчани со 30-22.
Останува уште една фаза подготовки пред стартот на новата сезона, на 8-ми септември. Прв противник на „гладијаторите“ ќе биде екипата на кавадаречки Тиквеш 2014 и тоа на домашен терен, „езерското“ дерби го играат во гости веќе во второто коло, по што ќе следи мечот против Вардар.
Екипите од прво до шесто место ќе обезбедат пласман во плејофот, а останатите ќе разигруваат за опстанок.