Skip to main content

„Гладијаторите“ утре го играат „Езерското дерби“

Охридските ракометари утре ќе ги продолжат натпреварите во ракометниот плејоф, кои што беа одложени поради трагичната смрт на репрезентативниот голман и нивни соиграч, Никола Даниловски.

 |   | 

Охридските ракометари утре ќе ги продолжат натпреварите во ракометниот плејоф, што беа одложени поради трагичната смрт на репрезентативниот голман и нивни соиграч, Никола Даниловски.
„Гладијаторите“ во рамки на 13-то коло ги очекува „езерското“ дерби со Струга што ќе го играат на домашен терен, во салата „Тодор Александров“, од 19:00 часот.

Ракометниот свет се простува од 24-годишниот голман на Охрид, но и на македонската репрезентација, Никола Даниловски, кој трагично го загуби животот во саботата. Даниловски произлезе од ракометната школа на Металург (генерација 1997). На последните неколку собири, Даниловски беше дел од македонската сениорска. Две сезони беше чувар на мрежата на ГРК Охрид, а претходно го носеше дресот на Еурофарм Пелистер.