Skip to main content

Главните сообраќајници во Охрид третирани со специјална течност против замрзнување на коловозот

Синоќа екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа активности за нанесување на специјална течност против замрзнување на коловозот.

 |   | 

Синоќа екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа активности за нанесување на специјална течност против замрзнување на коловозот. Според оперативниот план, беа опфатени главните сообраќајници во Охрид, стариот дел на градот, населбата „Гоце Делчев“ и селата Елшани и Коњско.

Се работи за современ практичен метод кој се применува во зимски услови и не дозволува замрзнување на асфалтот при врнежи од снег.