На 11.05.2023 во периодот од 00.50 до 02,20 часот, при извршени контроли во угостителски објекти во Охрид, полициските службеници во два објекти затекнале 15 малолетни лица на кои им било овозможено присуство по 24 часот.
„По целосно документирање на случаите, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави според член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде е предвидена глоба од 2000 евра во денарска противвредност.“ – информираат од СВР Охрид.