Насилство
Го однеле во Рамне и физички го нападнале
Приведен е охриѓанец кој заедно со уште едно лице, со употреба на сила го внеле С.К. во возило, го однеле во Рамне и физички го нападнале, информираат од СВР Охрид.
На 16.09.2022 година полициски службеници во СВР Охрид, го лишија од слобода Х.Б.(23) од Охрид.
Тој се сомничи дека на 14.09.2022 со С.Б. од Охрид, во селото Велгошти со употреба на сила го внеле С.К.(25) во возило, по што го однеле во село Рамне каде физички го нападнале. По целосно документирање на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


