Годинешната програма за поставување урбана опрема претрпе измени и дополнувања
Голем број новини содржи годинешната програма за поставување урбана опрема. Со тоа ќе се подобри урбаното живеење во градов. Овие измени ги усвоија советниците на последната седница на совет со образложение дека ќе придонесат Охрид да биде пофункцонален и поубав.
Годинешната програма за поставување урбана опрема претрпе измени и дополнувања. Таа содржи голем број новини со кои ќе се подобри урбаното живеење во градов. Најзначајно за граѓаните е што според неа е предвидено на три локации на улицата Македонски просветители да се постават подземни контејнери, а по се изгледа од ова лето ќе се намалат и проблемите со немање јавни тоалети. Тие ќе бидат поставени на неколку локации во градов каде фрекфенцијата на гости е најголема. Планирано е јавни тоалети да се монтираат кај Горна Порта, на Улицата „Кузман Капидан“ кај Плаошник, на пресекот од Кеј „Македонија“ и улицата Ванчо Николески и на крајот од Кеј „Македонија“.
Овој пат локалната се водеше од тоа да не се наруши изгледот на градот и тоалетите да бидат поставени на некои места каде има зеленило за да не доаѓаат многу до израз, вели Томе Џамтоски-портпаролот на Локлната самоуправа.
На барање на ЈП „Градски пазар“ на неколку локации во градов ќе се прават цветни пазари. Најголем ќе биде кај новиот плоштад во близина на музичкото училиште. Новина во годинешната програма за поставување урбана опрема се и новите 60 локации за поставување билборди.
При донесувањето на програмата се водеше сметка билбордите да не пречат на одвивањето на сообраќајот ниту пак на пешаците бидејќи претходно имавме некои нескани искуства со поставени билборди на несоодветно место, објаснува Џамтоски.
Овие измени на годишната програма за поставување урбана опрема ги усвоија советниците на последната седница на совет со образложение дека ќе придонесат Охрид да биде пофункцонален и поубав.