Skip to main content

Годишно собрание на охридските пензионери

Здружението на пензионери на општиите Охрид и Дебрца, ја одржаа 8 та годишна седница на Собранието. Годинава тие и покрај тоа што се соочуваат со проблемот со блокираната сметка, не се откажуваат од редовните активности. Исто така убедуваат дека ќе опстојат како здружение и се додека не им биде одблокирана сметката ќе работат волонтерски.

 |  Николоска Биљана  | 
trpceski
трпчески

penzioneriДенес, Здружението на пензионери на општиите Охрид и Дебрца, ја одржаа 8 та годишна седница на Собранието. Претседателот на Здружението Ѓорѓи Трпчески, во своет излагање пред медиумите нагласи дека годинава се соочуваат со еден сериозен проблем од финансиска природа.

„На жалост, буџетот нас ни е скромен некаде околу 2800 денари кои што средства ги добиваме исклучиво од чланарината. Но, имаме навистина една непријатна состојба сметката ни е блокирана и мислам дека ќе имаме потешкотии во тој однос неосновано сме тужени од колегите инвалидски пензионери, кои не тужеа тоа дека неосновано сме се збогатиле наназад повеќе години како Здружение што тоа не е точно и не е вистина“– вели Трпчески.

penzioneriТрпчески категоричен дека стои зад интересите на Здружението на пензионери кое важи за едно респектирано друштво на ниво на земјата и смета дека судската одлука против нив е штетна бидејќи истата е донесена еднострано.

„Но и како и да е ние како Здружение ќе опстоиме и ќе продолжиме со нашите активности и во 2014, сметам дека ќе најдиме сили имаме разбирање од страна на органите и телата бидејќи имаат донесено одлука се додека не се расчисти овој проблем тие работат волонтерски и така и чинат. И еве и денешнава седница што ја одржува Собранието не имсе исплатува надокнада туку доброволно присуствуваат и донесуваат одлуки“ – нагласува Трпчески.

Блокираната сметка ќе се рефлектира врз некои од планираните активности, вели Трпчески. Но сепак убедува дека договорот за снабдување со огревно дрво на пензионерите е склучен, како и снабдување на пензионерите со месо и сирење,преку нивниот клуб. Охридските пензионери на денешната годишна седница ја донесоа завршната сметка за 2013 година за материјално финансиско работење на Здружението, го усвоија Извештајот за работата на Извршниот и надзорниот Одбор.

{loadposition content9}