Skip to main content

Голем фонд на часови, а проблеми со интернет

Министерот за образование Спиро Ристоски вели програмата за основно образование е доволна и соодветна за возраста за која е наменета. За проблемот пак со слабата интерент конекција во училиштата од руралните средини, Министерот  Ристоски  ветува дека наскоро ќе биде решен.

 |  Голабовски Крсте  | 
ucenici
ученици

Учениците од прво до четврто одделение се потешко се справуваат со преголемиот фонд на часови, преоптоварени се и не можат да го следат материјалот, реагираат нивните родители. Само за информација, во прво одделение деветолетка, фондот изнесува 21 час, во второ одделение 25 часа, додека во трето одделение 28 часа. Од Министерството за образование и наука, не го делат ова мислење. Министерот Спиро Ристески вели дека фондот на часови е сосема доволен и соодветен на возраста на учениците.

Spiro Risteski„Програмите се изработуваат врз основа на стандарди кои ги изработува Бирото за развој на образованието, односно Министерството во соработка и анализа со УНИЦЕФ и странски експерти од Англија, констатирано е дека се доволни. Можеби треба да се работи поединечно или во определени училишта околу динамиката и начинот на кој се предава дел од материјата и на кој им се делегираат дополнителни работни задачи поврзани со училиштето. Но, генерално според бројот на часови и предмети сметаме дека е доволно и ги задоволува потребите на децата“ објаснува Министерот Ристески.

Бројните реформи спроведени во образовниот систем и нивната имплементација во наставата, во голема мерка зависат од интернет технологијата, што од друга страна резултира со дополнителни проблеми во образованието, посебно во руралните средини. Слабата интернет конекција им задава проблеми на наставниците во водење на задолжителниот е-дневник посебно во руралните средини,. Во охридско има села во кои интернет конекција воопшто и не е инсталирана. За овој проблем,  Министерството за образование има сознанија, а Министерот Ристоски неодамна вети негово решавање.

ucenici„Веќе работиме и на тој проблем на решавање. Постоеа , посебно во руралните средини постоеше мал проблем со интернет конекцијата којшто очекувам во наредните денови да биде отстранет, бидејќи веќе тимови на соодветниот оператор и на Министерството се на терен и ги отстрануваат сите проблеми кои резултираат со слаб доток на интернет, така да во најскоро време очекувам и тоа да биде санирано. Ние точно имаме информација каде има проблем со доток на интернет, така да во тие моменти доколку се констатира дека заради таква неможност не биле внесувани податоци во е-дневникот наставниците нема да подлежат на одговорност бидејќи проблемот не е од нивна неодговорност“, објаснува Министерот.

Останува да видиме дали од Министерството и одговорниот интернет оператор навреме ќе реагираат и ќе го решат овој проблем, со кој години наназад се соочуваат подрачните училишта во руралните средини од охридско.

{loadposition content9}