Skip to main content

Младински центар Охрид

Голем интерес за првиот Саем за образование и кариера во Охрид

За прв пат во Охрид образовната понуда за основците и средношколците на едно место. Младинскиот Центар Охрид денеска огранизираше Саем за образование и кариера. На настанот за прв пат учениците имаа можност да ги добијат услугите на лиценцираните кариерни советници, а целта на саемот е да се запознаат полуматураните и матураните од Општина Охрид за можностите за нивниот понатамошен развој и кериерен напредок.
 |  инфодеск  | 
Саем образование и кариера

Образовните можности на средното и високото образование на едно место денес во Охрид. Младинскиот центар од Охрид за прв пат во еден специфичен формат, на едно место успеа да ги донесе и претстави сите средно школски образовни установи и високо образовани институции, со можностите кои им ги нудат на учениците од основните и средните училишта. Саемот на образовани беше организиран од Младинскиот Центар Охрид, а го отвори заменик градоначалникот на Општина Охрид Перчо Божиновски.

„Тука во Охрид и во македонија вие ќе ја исцрпите својата судбина и ќе ја изградите својата иднина. Сите вие ќе се соочите со поелсни и потешки предизвици, но тоа не значи дека треба да се откажете од своите соништа, напротив треба вредно да учите и да си обезбедите подобра иднина за себе токму во градот но и во Македонија.“ – изјави Божиновски – заменик градоначалник Општина Охрид.

„Сметаме дека вакви настани се од голема важност и значење за град каков што е Охрид каде се бориме за подобра иднина образование и кариера за младите во Охрид, со трендот младите да го бараат образованието и кариерата надвор од Охрид, но да покажеме дека тука има можности и опции, младите да ја продолжат својата иднина тука.“– Цветкоски – Младински центар Охрид.

На саемот основците имаа можност да стапат во директен контакт со претставници од средните училишта од Општина Охрид и две средни училишта од Општина Струга со промотивни материјали, каде ги презентираа нивните програми и можности за учење пред полуматурантите.

„Нашето училиште треба да се одбере заради тоа што нудиме можност со запознавање со стручната работа подобро преку практичен и теоретски дел кои во иднина ќе ни помогнат за на факултет и во понатамошниот живот. Ве очекуваме сите полуматуранти да дојдете во нашето училиште бидејќи нема да згрешите, тоа е правилниот избор“ – кажа Ана Новеска – III година ОЕМУЦ Св. Наум Охридски.

„Предобри професори, предобри служби, предобро поминато време. Училиште кое знаме дека постои од многу одамна, со многу добра историја која треба да ја зачуваме ние како иднината на градот.“- изјави Сара Петковска II – ОСУ „Св.Климент Охридски“.

„Во нашето училиште имаме повеќе насоки, три и четири годишни како и дуални паралелки. Ова се ние го подготвивме вчера, со повеќе вкосви на благо и солено.“ – изјави Теодора Црвенкоска IV година – ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид.

„Медицинската струка како најбарана во моментов мислам дека е вистински избор за секој средношколец,. Ние го направивме вистинскиот избор, навистина нашето училиште е спремно ова што вие го гледате е само дел од она што ние го нудиме. Имаме практична работа во училиштето и во болниците.“ – изјави Ивана Котеска II година- СОСУ Св. Кирил и Методиј – медицинска насока.

„Има многу учење преку пракса во познати и реномирани компании. Исто така имаме многу проекти и екскурзии. Последно бевме во БиХ каде остваривме соработка со познати компании.“ – кажа Викторија Печовска – I година СОСУ Св. Кирил и Методиј – економска насока.

„Јахја Кемал училиштето се стреми кон максимална посветеност кон учениците и вадење на нивниот максимум. Благодарение на професионалноста и посветеноста на професорите имаме шанса да сме дел од бројни меѓународно признати светски натпревари.“ – кажа Матеа Стоев – III „Јахја Кемал“ – Колеџ – Струга

Исто така на саемот уество зедоа и Факултетот за туризам и угостителство, Универзитетот за информатички технологии и наука „Апостол Павле“ и дел од факултетите членки на УКИМ, кои пред матурантите ги презентираа своите програми.

„Факултетот има развиено соработка со многу мрежи за размена, како ЕРАЗМУС мрежата, ЦЕПУС, ЕРИА, каде испраќаме студенти на практична работа и семестрални студии, каде може да разменат свои искуства.“ – изјави Елена Ќосеска – соработник ФТУ Охрид.

„Ние како факултет овозможуваме нашите студенти да ги стекнат сите потребни знаења, да можат својата кариера и својот иден просперитет да го градат целосно врз основа на тоа што како сонова како база ќе го стекнат на нашиот факултет. Во смисла дека ги имаме сите потребни капацитети, пред се човечки и материјални.“ – посочи Проф. Владимир Витанов – градежен факултет – Скопје.

„Имаме пет факултети кои што се некако најатрактивни за младите во насока на нивно задржување односно на пронаоѓање на работни места, Факултетот за правни науки-дипломатија, за Економски науки-спортски менаџмент, Детективи и безбедност, факултетот за информатика и архитектонскиот факултет со насока арт и дизајн.“- изјави Проф.Др. Самир Салиески – ФОН.

„УИНТ „Св.Апостол Павле“, нуди модерни ИКТ Технологии, современи трендови и нови студиски порограми на коишто студнетите студиратт низ нивното три четиригодишно студирање на трите циклуси.Навистина прекрасна шанса за многу актуелна ИКТ технологија која е во моентов и најплатена струка.„- изјави Устијана Речкоска Шикоска -проректор – УИНТ „Св.Апостол Павле“.

На настанот се спроведе и кариерно советенување од страна на лиценцирани кариерни советници, а Целта на саемот е да се запознаат полуматураните и матураните од Општина Охрид за можностите за нивниот понатамошен развој и кериерен напредок.

„Она што нам како кариерни советници ни е најголем предизвик е како кариерното советување да им го донесме на младите во вистинската смисла, да видат колку може да им помогне, кои се придобивките што ќе посетат и разговараат со кариерен советник за да можат врз основа на своите интереси дна информациите кои ги имаат за пазарот на трудот за она што се случува надовр да бидат вработливи.“- изјави Марија Коваческа – Меѓународен советник за развој на кариера Асоцијација на советници за развој на кариера.

Коваческа подвлече дека таа и нејзината уште една колешка во регионов се обидуваат да станат колку што е можно подостапни за младите, преку одржување на кариерни работилници само со една цел, младите да ги откријат можностите за нивен напредок како во образованието, така во кариерата.