Skip to main content

Голем интересот на граѓаните за превентивните прегледи

Голем интересот на граѓаните за превентивните прегледи на кои се мери шеќер во крвта и притисок. Бесплатните прегледи претежно  ги искористиле повозрасните граѓани. До  полноќ се очекува оваа можност да ја искористат околу 1000 граѓани. 

 |  Валентина Неловска  | 

Здружението на лица со дијабет Тип 1 и Здружението за мозочни удари во соработка со Црвен крст Охрид организираа првентиван акција за мерење на шеќер во крвта , притисок и ЕКГ. Зоре Димоска претседател на здружението на лица со дијабет Тип 1 посочува дека акцијата е планирана во нивниот годишна прогарма за работа и има цел едукација на населенито за заболувањето како што е шеќерната болест.

„Ситуацијата е алармантна во светот не само кај нас. До 2025 година се смета дека секој втор би бил дијабетичар. Се прави превентива , а оваа акција е во таа насока да се сврти поголемо внимание кон ова заболување“, информира Димоска.

До пладне преку 100 лица ги искористиле преветивните прегледи, кажува координаторот за Прва Помош од ОО ЦК, Ѓоко Маркоски.


„ Денес спроведуваме 14 часовцна акција за превентивни прегледи од шеќер , притисок и ЕКГ. Има голем интерес кај граѓаните. Добиваат превентивни прегледи на брз начин, на пристапно место и бесплатно“ , кажува Маркоски.

До полноќ, до кога трае акцијата се очекува оваа можност да ја искористат околу 1000 граѓани.