Во пресрет на големиот христијански празник Велигден во Охрид ќе се одржи Велигденски концерт.
Празничниот настан е закажан за сабота на 23-ти април, со почеток во 19 часот на малата отворена сцена во близина на ТЦ „Амам“.
Ќе настапат членовите на КУД „Гердан од бисери“, хорот „Весели Бисерчиња“ и ансамбл „Билјана“.
Концертот е под покровителство на Општина Охрид.