Skip to main content

Гостите на охридското крајбрежје зад себе оставаат големи количини отпад


Посетителите на плажите оставаат големи количини смет. Од Комуналец  апелираат до граѓаните и посетителите на плажите да внимаваат каде фрлаат отпадоци. Од Јавното претпријатие велат дека ангажиран е нивниот целосен капацитет и во човечки ресурси и механизација.  

 |  Валентина Неловска  | 


Има зголемени количина на отпад од вообичаено на охридските плажи и во градот, информираат од ЈП Охридски комуналец, по зголемената посетеност со домашни туристи овој викенд на крајбрежјето и градот. Стевчо Маслов од ЈП, вели се соочуваме со девијантни појави и некултурни граѓани кои го депонираат отпадот каде што не му е местото и се создава грда слика за градот како туристички центар. 

„Во овој период дневните количини на отпад кои ги собира ЈП се околу 300 метри кубни комунален отпад, околу 20 метри кубни хартија., Неделено празниме пластика и собираме колку 50 м3 , а стаклото го собира Пакомак, имаме поставено околу 50 садови па се собира отприлика и 50 метри кубни стакло во летниот период“.

Ѓубрето да го одлагаат на места наменети за тоа во соодветни корпи и контејнери, кабастиот отпад, шутот и зелениот оптад да го пријавуваат во ЈП, а во чаршијата да се фрла во корпите за ситен отпад ,а не по клупите и јавни површини, апелираат од ЈП за комунална хигиена. Тоа е казниво според Законот за јавна чистота. Дава и грда слика за Охрид како туристички центар. ЈП работи во 3 смени со 11 возила, со кои се собира отпадот од 6 до 13 часот, се транспортира и депонира на Буково. Потоа, во втора смена се вклучуваат 4 возила, од кои едно е за хартија која се собира од контејнерите од маркетите. Во трета смена се 2 возила за хотелите и плажите од Љубаништа до централното градско подрачје, информира Маслов.

„Ги третираме плажите на кои беа одстранети диво изградените објекти ги чистиме плажите Сараиште, Лабино, Горица 3, Лагадин, Пештани, Трпејца. Секојдневно имаме наши екипи кои ги празнат 120 литарските канти каде што поминуваат возилата за собирање отпад, а го собираат сето она што од картон амабалажа, пластика, хартија која несовесните граѓани ги оставаат на плажите. Се соочуваме со проблем, максимално работиме, но бараме и соработка од граѓаните“.


Вклучено е и електрично возило за собирање на ситен отпад од кантите. Со него се собира на потегот центарот, Чаршија, канал Билјанини извори, Патеката кон хотел Парк. Имаме формирано три смени за празнење од 9 -12, 18 до 20 и од 20 до 02 часот за празнење на корпите за ситен отпад.
Денес, вработените спровеле и акција за косење и ги чистење на шумските патеки од Лабино кон Канео , Горна Порта Грашница. Се чистеле и кантите за ситен отпад . ЈП по распоред го подига отапдот два пати неделно по улиците, но во Стар град на улиците Илинденска, Коста Абраш и Цар Самоил и  на  Плаошник , каде што има поголема фрекфенција на туристи се подига отпадот и 2 пати дневно. Се работи за лето, се издаваат апартмани се зголемува комуналниот отпад со што се зголемува и потребата од ангажирање на нашите екипи, информира Маслов за работната организираност на ЈП  Охридски Комуналец.