Skip to main content

Голгетерот Александар Целески го напушта ГФК Охрид Лихнидос

Уште еден одличен фудбалер го напушта ГФК Охрид Лихнидос. Станува збор за голгетерот Александар Целески кој неговата одлука ја соопшти на социјалните мрежи.

 |   | 

Уште еден одличен фудбалер го напушта ГФК Охрид Лихнидос. Станува збор за голгетерот Александар Целески кој неговата одлука ја соопшти на социјалните мрежи.

Благодарност до сите поддржувачи на охридскиот фудбал, за несебичната поддршка која ја добивме изминатите години наназад. Време е за нов предизвик, фала за се.-напиша Целески на својот фејсбук профил.

Александар беше еден од најдобрите фудбалери во охридскиот состав, кој со својата прецизност и борбеност имаше голем удел во баражот за влез во Првата македонска фудбалска лига.

Целески претходно има настапувано за Струга Трим и Лум, како и за екипата на Кораб.

Секако дека тука не запира неговата фудбалска кариера, во тек се преговори за нов клуб на Целески.

Инаку, деновиве Охрид Лихнидос го напушти и капитенот Наум Вељаноски кој премина во ФК Воска Спорт, вториот клуб од Охрид кој што ќе се бори за влез во Првата македонска фудбалска лига.

Време е за нови предизвици на Охридските фудбалери!!!