Skip to main content

Гордана Лолеска дел од националната кампања за органодарителство: „Да не замижуваме пред туѓата болка – подарете живот!“

Министерството за здравство спроведува национална кампања за подигање на свеста за органодарителството.
 |  инфодеск  | 

Гордана Лолеска, претседателка на Здружението на пациенти со ретки болести “Ретко е да си редок” – Охрид е дел од националната кампања за подигање на свеста за органодарителството која ја спроведува Министерството за здравство.
Лолеска порачува: Да не замижуваме пред туѓата болка – подарете живот!

Во активностите од кампањата се вклучени матичните лекари, училиштата, универзитетите, пациентските здруженија и верските заедници, со цел повеќе граѓани однапред да ја изразат својата волја и за неа да разговараат со своите семејства.
Со новите законски измени, граѓаните можат да се регистрираат како органодарители или да ја евидентираат својата одлука преку системот Мој термин кај својот матичен лекар.
Одлуката е доброволна и во секое време може да се смени или повлече преку Мој термин.
Повеќе официјални информации и едукативни материјали може да најдете на веб-страницата на Министерство за здравство или директно преку порталот на Мој термин.