Skip to main content

Гордана Лолеска одржа едукативно предавање за подигнување на свеста за ретките болести

Во склоп на состанокот секој од волонтерите кои присуствуваа обоија по една дланка во знак на 5% од ретките болести кои може да се третираат и лекуваат.
 |  инфодеск  | 
Предавање Лолеска

На иницијатива на волонтерите од Програмата за грижа за стари лица “Најди време”, денес се одржа едукативно предавање од активистот за подигнување на свеста за ретките болести, Гордана Лолеска.

Присутните ги проширија нивните знаења за тоа колку случаи на ретки болести постојат во светот, колку дијагнози на ретки болести се откриени и слично.

Предавање Лолеска

Со кампањата за ретки болести се укажува дека оние кои што имаат ретка болест не се разликуваат по ништо од оние кои немаат и дека сите се исти и уникатни на некој свој начин. Не треба да се дискриминираат и отфрлаат од нашето општество и дека треба да се направи сѐ што е во наша можност да се почувствуваат прифатени, среќни и радосни во општеството кое ги опкружува.

Во склоп на состанокот секој од волонтерите кои присуствуваа обоија по една дланка во знак на 5% од ретките болести кои може да се третираат и лекуваат.

Предавање Лолеска