Skip to main content

Гордана Ристоска од Орман успешен пример на рурална жена

Гордана Ристоска од Орман успешен пример на рурална жена.

 |  Валентина Неловска  | 
plastenik
plastenik

Гордана Ристоска, машински инжинер, сопруга и мајка на два сина, секојдневно работи во сопствената леарница и алатница за производство на пластични делови. Ристовска, исто така со голема посветеност произведува и здрава еколошка храна во селото Орман.  Успешно ги усогласува двете дејности и во приватниот бизнис и во градинарското производство. Има пластеници во кои одгледува разновидни градинарски култури, а се грижи и за мини живинарска фарма. Ристоска прави паралела која е предноста од животот  на село.
Gordana Ristoska
„ Кој има земја добро е да произведува прво за себе, затоа што знаеш што јадеш.Во градот се живее градски, но ние сакаме нормален живот кој сакаме да го живееме на село. Градот има свои предности, а селото пак свои“.

Напорно е да се работи , но кога се има волја ништо не е тешко, раскажува Ристоска. Поддршка има и од сопругот Боге. Тие секојдневно се во пластениците, утрата  им се  посветени за работа во градината, а попладне се во работилницата. Гордана ја нагласува нивната главна преокупација пред се производство на здрава храна. Таа е екологист и присутна на сите трибини за производство на органска здрава храна. Топло препорачува да се најде време за обработка на земјата.
Gordana Ristoska
 „ Секоја жена ако сака да работи може да работи ако не сака тогаш нема да има. Би препорачала секоја жена која има сопствена земја и слободно време да почни да произведува здрава храна барем за себе, а потоа да произведува и за другите. Ние сме блиску до градот и жално е местото да остане не обработено. Ние работиме еколошки и не употребуваме хемиски препарати, се е природно.


Жената од руралната средина одсекогаш била носител на виталните функции во  семејството и општеството. Се вклучува  во одржувањето на домот, се грижи за децата , работи и произведува. Од 2008 година , 15 -ти октомври се одбележува како светски ден на руралната жена. Обединетите нации во еманципацијата на жената го препознале крајот на гладта и сиромаштијата во светот.
{loadposition content9}