Skip to main content

Гордана Стојаноска со поемата „Клучевите“ е лауреатот на наградата „ Григор Прличев“ за 2017

 Гордана Стојаноска со поемата „Клучевите“ е лауреатот на наградата  „ Григор Прличев“ за 2017 година. Жена , за  прв пат е добитник на оваа престижна награда. Поемата Клучевите  испраќа порака дека човекот е подготвен  да се издигне над злото. 

 |  Валентина Неловска  | 

Гордана Стојаноска со поемата „Клучевите“ е лауреат на наградата „Григор Прличев“ за 2017 година. Почестена сум со ова високо книжевно признание и како човек и како автор. Мотивацијата за поемата произлезе од состојбата во која се наоѓа човекот во модерниот свет. Постојано изложен на притисоци , бомбардиран претежно со негативни информации за војни, несреќи, жртви, истакна д-р доцент Стојаноска на свеченоста по повод врачувањето на наградата „Григор Прличев“.


„ Поемата ги става на вага сите универзални вредности, како што се верата , љубовта, надежта, храброста, љубопитноста, желбата за прогрес. Трагањето по одговор дека тие вредности сеуште постојат , а човекот е спремен да се издигне над целото зло на овој свет“, истакна д-р доцент Стојаноска.

На конкурсот за избор на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема пристигнале 13 поеми. Очигледно Прличевата награда го стимулира овој жанр, ни малку едноставен, комплексен, лирски, чувствен, наративен, истакна Проф. д-р Наташа Аврамоска, претседател на жири комисијата. Аврамоска додаде дека авторката Гордана Стојаноска избрала тема на внатрешна потрага по љубовта .

„ Во едно а време кое е профанизирано, со многу урнати вредности, без некоја цврста аксиолошка вредност на вертикала ,тоа не е едноставна задача да се опејува некаква вредност. Темата е внатрешна, духовна, метармофоза испеана со поткренат тон на возбудлив начин. Иако е доста херметична, таа успева да најде израз од којшто стиховите комуницираат повеќе значно со читателот и е навистина возбудлива творба“, напомена претседателката на жири комисијата за избор на наградата „Григор Прличев“.

Гордана Стојаноска е родена во Битола. Работи како доцент на Педагошкиот факултет на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола на групата социолошки предмети. Пишува поезија и проза, а коавтор е на две поетски книги, „Збор за зборот“ и „ Поема за маргините“. Поемата „Клучевите“ е напишана во август 2012 година и брои 1578 стихови.