Skip to main content

Ѓорги Трпчески доби уште еден мандат

Тимот што победува не се менува. Ѓорги Трпчески ќе го минува својот втор мандат како претседател на извршниот одбор на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. За нов претседател на Собранието на охридските пензионери е избран Димитар Спасески, а Стефан Владимиров останува и во наредните четири години секретар на Здружението.

 |  Николоска Биљана  | 
penzioneri
пензионери

penzioneriЃорѓи Трпчески повторно ја доби довербата од 21 месен огранок за претседател на Извршниот одбор на ЗП на Охрид и Дебрца. Во една фер и демократска атмосфера од отворен карактер, од 26 до 24 февруари годинава се спроведе постапката за избор на нови раководства во Месните ограноци, Собранието и телата и органи на ЗП од Охрид и Дебрца. Без приговори и забелешки сите месни ограноци одлучија Трпчески и наредните 4 години да продолжи да ја води најголемата и најактивна пензионерска организација препознатлива по своето делување во повеќе сфери а посебно истакната на полето на спортот. Претседателот во своето излагање пред медиумите истакна дека ќе продолжи со своите залагања за решавање на горливите прашања посебно за бесплатниот автобуски превоз, изградбата на Домот за стари лица, судскиот спор со Здружение на инвалдиски пензионери, како и за останатите актуелни прашања кои се од животен интерес за пензионерите а ги посочи и визиите на ЗП во наредниот период.

penzioneri„Се сеќавата еимаше една нова ситуација кога ви општина Дебрца се формираше едно ново здружение на пензионери, меѓутоа од страна на пензионерите кои не се наши членови не го прифатија тоа организирање и членството остана кај нас и таму се извршија одбори во 2 месни комитети,се избра ракводства органи. Доколку некој сака некој наш член да оди таму треба да побара исписница, но и од Сојузот нема такво расположение за да се формира такво здружение бидејќи малите  здруженија не можат да допринесат“ – вели Трпчески.

Новиот претседател на Собранието на ЗП Димитар Спасески изјави дека за време на неговиот мандат планира да го промени начинот на работа во однос на соработката со Локалната самоуправа и медицинските установи, а посебно ќе обрнеле внимание во руралните средини каде нема медицинска застапеност.

penzioneri„Тежиштето на работата на Собранието како на Сојузот така и наша интенција ќе биди насочено приоритетно на здравствената состојба на оваа популација бидејќи хроничните заболувања се исклучиво и потрошувачката на лекови кај оваа популација“  – рече Спасески.

Секретарот на ЗП, Стефан Владимиров ги изнесе податоците за новиот мандатен период за избраните органи и тела на ЗП. Тој кажа дека од избраните членови мажите се застапени 62% мажи а останатите 38% жени.

„Се избрани вкупно 170 членови почнувајќи од месните одбори, таа бројка е голема од над 9000 пензионери од нашето здружение и така да многу број на пензионери ќе бидат вклучени во органите. Од 170 челнови 11 се нови или 65% а останатите се стари“ – нагласи Владимиров.

Според проценките на Комисијата за избори, се смета дека на состаноците за избор на раководни структури на телата и органите на ЗП присуствувале од 800 – 1000 пензионери односно драстично повеќе во однос на претходните избори во 2011 година.

{loadposition content9}