Skip to main content

Готвачите се „сопнаа“ на анасон

Готвачите од угостителското училиште се вратија без медлја, но со многу искуства од меѓународен гастро натпревар.

 |  Валентина Неловска  | 
кувари
kuvarii

 Готвачите од угостителското училиште се вратија без медлја, но со многу искуства од меѓународен гастро натпревар. Гоце Савески, ученик по готварство во 3 година, е дел од тимот на млади готвачи од СОУ „Ванчо Питошески“ кои учествуваа на меѓународен гастро натпревар на Брач, Хрватска. Учениците по готварство Гоце, Александра, Момир и Бесард ги покажаа своите вештини во три категории на подготвување на храна. Готвачите имале зададени обврски даподготват топло предјадење од анасон, главно јадење од риба и крем десерт. Савески ги споделува впечатоците и задоволството од она што го доживеале на гастро натпреварот. Младиот готвач вели, дека искуството што го стекнал и она што го видел на Брач, кај него ја потикнало желбата еден ден и тој да стане врвен кулинар. Сака да прави јадења кои ќе предизвикуваат насмевка кај луѓето кога ќе ја вкусат храната што ја подготвил. Но, ароматичната билка анасон, која ретко се користи во нашето поднебје за подготовка храна, им зададе главоболка на готвачите и годинава не го постигнаа минатогодишниот успех со освојување на некоја од медалјите.kujna Со анасонот не сме се сретнале пртеходно во подготовка на храната, на натпреварот пробавме да подготвиме повеќе форми. Не бевме задоволни што моравме да подготвуваме предјадење од анасон и не освивме медалја. Се надеваме дека во иднина ќе знаеме подобро да го подготвуваме“, појаснува Савески.

Тимот од четирите млади готвачи од угостителското училиште го предводеше професорот по готварство, Блаже Јорданоски. На гастро натпреварот на Брач, гостуваме по втор пат кажува Јорданоски. „Минатата година од овој меѓународен натпревар се вративме со сребро и бронза, годинава не го повторивме успехот, но важно е што учествуваме и што се вративме со нови искуства“, вели професорот.

 Финансиска поддршка за учество на гастро натпреварите училиштето „Ванчо Питошески“ има од Локалната самоуправа. И политиката на училиштето е да се учествува на вакви меѓународни натпревари, појаснува директорот Секула Баткоски. „Натпреварите финансиски доста чинат ама за нас како училиште доста и вредат. Како училиште се промовираме преку вештините на нашите ученици, од друга страна го потикнуваме натпреварувачкиот дух кај нив, а сетоа тоа има позитивен ефект врз учениците.“

Училиштето Ванчо Питошески и градот Охрид, во октомври, ќе бидат домаќини на меѓународно гастро случување. Охрид, деновиве доби зелено светло од бордот на директори на АЕХТ (Европска асоцијација на хотелиери и  угостители), да биде домаќин на интернационален гастро натпревар  што ќе започне од 8 и ќе трае до 13 октомври. На гастро натпреварот се очекува да гостуваат над 700 млади готвачи од Европа.

{loadposition content9}