Skip to main content

Охрид нема да аплицира на конкурсот за град на културата во 2015та година

Охрид не се пријави на конкурсот за град на културата во 2015та година. Локалната не изготви програма со која требаше да аплицира на конкурсот кој го објави Министерството за култура. Од таму сметаат дека градов треба да се третира на повисоко ниво и дека не му е местото меѓу другите градови кои ќе се борат за скоро 80 000 евра кои се издвоени од Буџетот на РМ за реализација на оваа манифестација.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ohrid
охрид

Охрид нема да аплицира на конкурсот за град на културата во 2015та година. Локалната смета дека градов нема потреба да конкурира на оваа манифестацијата која ја организира Министерството за култура бидејќи Охрид сам по себе е град на културата и не може да биде ставен во ист кош со останатите градови во Македонија.

Охрид треба на повисоко ниво да ги промовира своите  историски и културни вредности . Тоа е главната причина зошто не учествуваме на конкурсот, а од друга страна во градов во летниот период има толку културни настани што нема потреба да аплицираме на една ваква манифестација, вели портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски.охрид

Како што објасни портпаролот на Локалната самоуправа манифестацијата „Град на културата“ ресорното министерство ја организира со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до koncertкултурните вредности и нивно масовно користење, како и за да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво пред се во помалите градови на Македонија. Градовите во Република Македонија кои ќе учествуваат на конкурсот треба да достават програма со препознатлива културна и историска традиција и со презентација на актуелните културни вредности. Охрид минатата година аплицирал, но не победил на конкурсот„Град на културата во 2014 годинa“.

Минатата година учествувавме, но на конкурсот победи Кавадарци, па заклучивме дека повеќе не треба да аплицираме. Охрид на друг начин ќе извлече пари од Министерството за култура. Сепак ние сме на едно повисоко ниво од другите градови во Mакедонија, рече Џамтоски.


Инаку, средствата за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2015 годинa“ кои минативе години беа во висина од околу 80 000 евра се обезбедени од Буџетот на Република Македонија. Охрид по се изгледа и идната година нема да конкурира за да ги добие овие средства. Досега градови на културата биле Радовиш, Битола, Прилеп, Штип, Велес и Кавадарци.

 

{loadposition content9}