Skip to main content

Градежен работник од Охрид повреден во Делогожда

За настанот е известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Струга.
 |  инфодеск  |  ,
Овр Струга

На 01.04.2025 во 14.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во село Делогожда, струшко, при извршување на работни задачи се здобилo со повреди 63 годишо лице од Охрид, вработен во фирма од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршен е увид во содејство со трудова инспекција, при што е констатирано дека при изведување на градежни работи околу канализациона мрежа се урнал дел од откоп од земја при што охриѓанецот се здобил со повреди и бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што се констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

За настанот е известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Струга.