Skip to main content

Зошто доцнат градежните работи во градов

Зошто доцнат градежните работи во градов. Дадените рокови се пробиваат, е впечатокот на граѓаните. Од Локалната со свое објаснување. Темпото кое го наметнувал Градоначалникот, тешко можело да се следи.

 |  Јаковлева Лионела  | 
кружен тек
kruzen tek

Која е причината што се пробиваат дадените рокови за изведување на градежните работи во Општина Охрид. Во месец август минатата година кога Градоначалникот Никола Бакрачески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го посетија Лескоец за да видат со која динамика се одвиваат  зафатите за поставување фекална канализација, ветија дека работите ќе завршат до крајот на овој месец, но на терен сликата е сосема поинаква. Веќе месеци наназад ништо не се работи.

Во прашање се нерешени имотно правни односи. Денес од наша страна е изработена предмет пресметка која е доставена до ЈП Водовода со што во најскоро време треба да продолжат градежните активности во Лескоец, вели Љупчо Танески-фонд за комунален развој.
кружен тек
Доцнат работите и околу финиширањето на малиот плоштад кај некогашниот Мини Маркет. Од Градоначалникот Никола Бакрачески беше ветено дека ќе биде направен до христијанскиот празник Водици. Помина и Велигден, а паркот сеуште не е готов. Од Локалната сега ветуваат дека ќе биде направен до почетокот на туристичката сезона. Велат дека работите задоцниле поради лошите временски услови кои ги имавме оваа зима.
Нема никакви зафати и на пресекот на Булевар Туристичка со улица „Бистрица“ каде Градоначалникот Бакрачески минатиот петок го означи почетокот на градежните работи на кружниот тек кој треба да се гради на оваа раскрсница. И на улицата „Питу Гули“ не се работи со некој поголем интензитет.  Граѓаните прашуваат што е причината што зафатите не се реализираат на време.kruzen tek
Изјава

Темпото кое го наметнува градоначалникот тешко може да се прати. Јавните претпријатија се презафатени. На пример ЈП „Нискоградба“ во моментов работи на пет локации, тоа важи и за ЈП „Гробишта“ и за „Водовод“. Ова им е прв пат да вршат работи од олкав обем, објаснува Танески.

Танески вели дека можеби со задоцнување но сите ветени проекти ќе бидат реализирани. Тој објаснува дека и ударните дупки кои времено беа санирани со бекатон плочки што законски не е дозволиво, во најскоро време ќе бидат санирани со асфалт. Веќе е распишан тендер за најдобар понудувач. Штом завршат процедурите ќе се премине кон замена ан бекатонот со асфалт. Сето ова треба да биде готово до почетокот на туристичката сезона, ветуваат од Локалната.

{loadposition content9}