Skip to main content

Градежни активности на дел од ул. „Партизанска“ во населба Охридати

Автомобилите уредно да се паркираат само на приватен простор надвор од јавната површина што треба да се реконструира, апелираат од Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 

Денеска започнаа градежни активности за реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „Партизанска“, во населбата „Охридати“.

Од општината апелираат до жителите од овој дел на градот да бидат повнимателни при сообраќање или движење во оваа патна и пешачка зона.

– Автомобилите уредно да се паркираат само на приватен простор надвор од јавната површина што треба да се реконструира, апелираат од Општина Охрид.

Изведувач на активностите е ИНТ „Глобл Инженеринг“ од Битола.