Skip to main content

Поради градежни работи кај ООУ „Христо Узунов“ да се отстранат возилата од паркингот

Од Општината апелираат до сопствениците кои сè уште имаат паркирани возила на оваа локација, во најкус можен рок да ги дислоцираат, со цел да се овозможи непречено и безбедно одвивање на градежните активности.
 |  инфодеск  | 
забрането паркирање

Општина Охрид ги известува граѓаните дека денес започнуваат градежни работи за уредување на потпорните ѕидови во кругот на ООУ „Христо Узунов“, поради што паркингот во кругот на училиштето треба да биде целосно ослободен од возила.

Од Општината апелираат до сопствениците кои сè уште имаат паркирани возила на оваа локација, во најкус можен рок да ги дислоцираат, со цел да се овозможи непречено и безбедно одвивање на градежните активности.

Надлежните упатуваат благодарност до граѓаните за разбирањето и соработката.