Skip to main content

Се гради и во Заум

Манастирскиот конак кај црквата Света Богородица Заумска во близина на охридското село Трпејца издигнат на ниво на карабина.

 |  Голабовски Крсте  | 
zaum
заум

ZAUMМанастирскиот конак кај црквата Света Богородица Заумска во близина на охридското село Трпејца издигнат на ниво на карабина.

До редакцијата на телевизија ТВМ пристигна фотографија на која се гледа како напредуваат градежните работи. Граѓаните бараат информации што точно и за какви потреби се гради на просторот веднаш до црквата  која претставува едно од најзначајните заштитени споменички добра во Македонија.

Од Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид велат дека идејниот проект за конакот кој се гради го изработиле на иницијатива на Дебарско-кичевската епархија. Конакот се наоѓа на простор каде  во минатото постоел таков објект за што сведочат остатоци од темелите. Директорката на Завод и Музеј, Тања Бунташеска Паскали, за ТВМ изјави дека во изработка е елаборат за ревалоризација  на целиот простор заедно со црквата и заштитно конзерваторски основи. Објектот нема да има комерцијална намена а ќе содржи 2 до 3 простории и библиотека. Во врска со градежните работи кај Заум побаравме информации и од Локалната самоуправа, односно дали МПЦ има одобрение за градба и колкав габарит треба да има објектот што се гради. Од таму информации не добивме. Инаку Црквата Богородица Заумска е изградена е во 1361 година и е посетувана од верници и туристи во голем број иако до неа се стигнува единствено преку воден пат.

{loadposition content9}