Градинката „Билјана“ повторно ставена во функција
Градинката „Билјана“ повторно ставена во функција. Од денес децата повторно се згрижени таму. Овај објект повеќе од еден месец беше затворен поради проблеми предизвиклани од излевањето на канализационата цефка од зградата која се наоѓа над градинката. Проблемот не е трајно решен, само е привремено надминат.
Од денес дечињата повторно се згрижени во објектот „Билјана“на градинката „Јасна Ристеска“. Овој клон повеќе од еден месец беше затворен поради проблеми предизвикани од излевањето на канализационата цевка од зградата која се наоѓа над градинката, а која поминува низ пералната на објектот. Направени се сите подготовки, објектот е дезинфициран, исчистен со помош на Центарот за јавно здравје, направена е комплетна дезинфекција на целиот инвентар, испрана е постелнината и објектот е ставен во функција, вели Розе Костоска- директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Но проблемот со канализационата мрежа останува и понатаму. Директорката на градинката Јасна Ристеска објаснува дека тој не може да се реши бидејќи станува збор за градежен пропуст кој е направен кога се градела зградата и нема каде да поминува канализационата цевка. Сега сме задолжени сами да си го решаваме проблемот без помош од жителите кои живеат во зградата.
Ние и досега реагиравме и баравме решение заедно со екипите од ЈП „Нискоградба“, а сега ќе мора еднаш месечно сами да ја чистиме канализационата мрежа за да може колку толку да ја одржуваме за да не дојде до некоја поголема хаварија, вели Костоска.
Инаку од утре официјално започнува учебната година и за дечињата кои се сместени во оваа предшколска установа. Објектите се подготвени да ги примат старите, но и новите деца кои ќе одат во градинка. Единствено почетокот на новата година ќе се пролонгира во објектот на централната градинка бидејќи градежните работи во овој објект кои започнаа уште летово сеуште траат. Директорката вели оти се надева дека работите ќе завршат идната недела и од средината на септември децата ќе можат да бидат згрижени и во овој обект.