Градинката „Јасна Ристеска“ бара доградба и изградба на 2 нови објекти
Градинката „Јасна Ристеска“ бара доградба и изградба на 2 нови објекти.
Во моментов во сите објекти на детската градинка „Јасна Ристеска“ се згрижени 878 деца. На листа на чекање се само 20 тина деца. Групите се преобемни, а слободни места нема, со исклучук во групите на албански и турски јазик, информира Розе Костоска, директор на градинката. Повеќе од неопходна е потребата од изградба на нови детски градинки во Охрид и приградските населби. Интересот на жителите од Велгоши и Лескоец за сместување на децата во градинка во овие две населени места е огромен па се јавува потреба од формирање на градинка, а не само од групи, појаснува Костоска.
До ресорното министерство веќе доставиле барање за доградба на објектите „Лихнида“ и „Развигорче“, но врачиле барање и за нови градби.
„ Обезбедени се маркици и слободни парцели за изградба на нови објекти во населбите Радојца Новичиќ, во близна на основното училиште Кочо Рацин, и една во населбата Бејбунар“.
Покрај потребата од проширување и изградба на нови објекти, градинаката подолго време се соочува и со потреба од кадар. Министерството за финасии понатака не дава амин за нови вработувања. 22-те вработувања во градинките се реализираа преку Локалната самоуправа.
„ Што се однесува до ново примените вработени одговорноста ја презеде Локалната самоуправа. Ги ангажира преку Агенција за вработување каде што ќе им тече стаж и сите законски бенефиции по одредбите од Законот за работни односи“.
Во меѓувреме, за да се задоволат потребите на родителите за сместување на децата во градинка, во повеќе објекти се направија адаптации на простории.
Така, во детската градинка „Развигорче“ заврши санацијата на кровот и санитарните јазли и за прв пат се отврија јасли и се формира нова група од деца на возраст од 2 до 6 години. Сега во овој објект се сместени 157 деца. Завршена е и адаптацијата на просториите во училиштата во Велгошти и Лескоец. Во Велгошти адаптираните простории во кои ќе има групи на деца од 2-6 години свечено ќе бидат пуштени во функција на 11-ти Октомври, а за Лекосец секој момент се очекува да се добие одобрението од Комисијата при Министерствот за труд и социјална политика, информира Розе Костоска, директор на градинката.
{loadposition content9}