Skip to main content

Градинката „Јасна Ристеска“ кубури со кадар

И покрај фактот што бројот на децата по групи е зголемен дури за три пати, моментално за нив се грижи персонал кој брои едвај седумдесет лица.

 |  Голабовски Крсте  | 
vospituvacki
воспитувачки

Дефицитот на кадар останува најголемиот проблем во охридските градинки. Иако капацитетот на градинката е 650 деца, кои треба да ги опслужуваат 110 вработени од сите профили, во моментов дури 750 деца се згрижени во охридските градинки, а ги опслужуваат 69 вработени со решенија на неодредено работно време. Прекинот на договорите за кој неколкуте волонтери од градинките усно беа известени на почетокот на овој месец, биле основната причина загрижени родители да реагираат до нашата редакција, со молба за актуелизирање на овој проблем. Розе Костоска В.Д. Директор ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ со објаснување за судбината на волонтерите од оваа воспитно-образовна установа.

menza„Во текот на оваа недела бидејќи бевме зафатени со другите обврски и покрај тоа што усно се известени благовремено ќе ги известиме, а ова сега го направивме поради пресекот почнуваше новиот месец,да не ги држиме а потоа да имаме пресметки на половина месец. Договорите се склучени од Локалната самоуправа од претходната власт, немаме средства, требало Локалната да ги исплаќа платите, меѓутоа досега само еднаш имаат земено плата, само за декември им е исплатена, веќе шест месеци тие беа тука и си ја работеа работата. Бидејќи ние како установа немаме средства да ги исплатиме тоа беше единственото решение кое можевме да го преземиме за да ги откажиме тие волонтерски договори бидејќи греота се луѓето да ги чуваме, а да не ги платиме“ потенцира Костоска.

Томе Џамтоски, портпаролот на Општина Охрид, не информираше дека на сега веќе поранешните волонтери, во периодот кој претстои ќе им бидат исплатени заостанатите одработени плати. Во момент кога на охридските градинки очајно им се потребни минимум 40 лица персонал, во прашање е доведена и судбината на кадарот кој години работи во охридските градинки на договор на дело. Се прават напори овие лица да добијат решенија на неодредено време, објаснува  Костоска.

приредба„Во договор со Локалната од каде веќе стапија во контакт и со министерството, се трудиме да обезбедиме трајни решенија за вработување, меѓутоа тоа оди преку Агенција за јавна администрација, согласно законот за работни односи, на различен начин е приемот на вработените, доколку се од воспитно-згрижувачкиот кадар одат преку агенција за јавна администрација, а останатиот кадар се вработува законот за работни односи и имаме позитивен одговор од Локалната дека оттаму ќе направат малку поголем притисок до министерството за да можеме да  вработиме луѓе кои навистина ни требаат“, вели в.д директорката Костоска.

Оваа информација ја потврдија  и од локалната. Родителите посебно се загрижени и за состојбата со кадарот кои ги опслужуваат детските јасли во градинките. Костоска согласна дека станува збор за ситуација која мора да биде решена во најбрз можен рок.

„Средно медицинско училиште треба да имаат завршено негувателките, бројот на негувателки е намален секаде, уште еден дополнителен проблем ни е тоа што 4 од колешките се на подолго боледување, повеќе од 6 месеци, а според законот за период пократок од 6 месеци не можеме да бараме замена за нив, пратени се дописи до министерството и се надевам дека тие четири места барем за сега ќе бидат решени“,објаснува Костоска.

Сепак од градинката со крајни напори на кадарот успеваат да водат соодветна грижа за децата иако бројот по групи е зголемен дури за три пати.

{loadposition content9}