Skip to main content

Градинката „Јасна Ристеска“ се соочува со недостиг на кадар

Недостиг од кадар е проблемот со кој се соочува градинката Јасна Ристеска.

 |  Валентина Неловска  | 
gradinki
gradinki

Недостиг од кадар е проблемот со кој се соочува градинката Јасна Ристеска. На 31 март истекоа договорите за работа за 10 воспитувачки во градинката Јасна Ристеска, ангажирани преку Агенција за вработување од страна на Локалната самоуправа, информира  директорката Марина П. Тодоровска. Таа  ги демантира сите  гласини  дека тие  се избркани од работа. Иако  воспитните групи се со поголем број на деца, а помал број на воспитувачки, градинката работи нормално, уверува Петровска.  Директорката ги негира и сите шпекулации во јавноста поврзани со  работата на оваа установа, грижата и приемот на децата. Апелира родителите да  не се сомневаат во грижата  на градинката кон сите деца.
decinja
„ Нивните деца се на безбедно како и досега. Доколку не сме во можност да ја исполниме оваа чувствителна работа каде што ни се доверени децата не би ја прифатиле“.

Градинката повеќе од 10 години се соочува со недостиг на кадар на работни места кои се испарзнети по разни основи. Со владините антикризни мерки не се дозволуваат нови вработувања. Во моментов во 5-те објекти на градинката работат 110 лица воспитувачи, технички и администаривен кадар, а се згрижени 770 деца од различна возраст. Ресорното министерство за дел од кадарот ангажираше 30 лица со договор на дело, а некои од нив на овој начин работат и по 12 години. Покрај нив, според законот за волонтеризам, се ангажирани и 5 -мина волонтери. Од  вработените кои се на неопределено работно време три воспитувачки се на подолго боледување, а нивните места не се пополнети. Потребите  за прием на нови деца постојано расте, родителите поднесуваат барања,  а градинката проблемот со кадарот го решаваше со помош на Локалната самоупрва, вели директорката. Едно од решенијата беше и досегашното ангажирање на 10 вопситувачки кои општината  ги ангажира преку Агенцијата за вработување, објаснува Петровска Тодоровска. Таа за проблемот кој се јави деновиве, по преземање на ингеренците на Локалната самоуправа од страна на новиот градоначалник Никола Бакрачески,  се надева дека ќе биде решен.
gradinka
„Преку нашиот раководител за образование ние ги изнесовме нашите проблеми и очекуваме средба со градоначалникот за да најдеме решение со вклучување и на министерството за труд и социјална политика.“
 
Во моментов во градиката има 30 нови барања за прием и згрижување на деца.  За прием на деца во градинката  се доставeni  барања и Комисијата деновиве ќе одлучува според одредени критериуми кои деца ќе се примат, појаснува директорката П. Тодороска. Таа ја нагласува и потребата од изградба на уште еден објект во општина Охрид. 

 

{loadposition content9}