Skip to main content

„Градски гробишта“бара излез од финансиските проблеми

„Градски гробишта“бара излез од финансиските проблеми.

 |  Валентина Неловска  | 
gradski grobishta
градски гробишта

За излез од наталожените финансиски и технички проблеми во кои се гуши ЈП Градски гробишта се преземаат низа мерки, информира директорот на претпријатието Зоран Симоноски. Во претстојниот  период приоритет ќе им е зголемување на нискиот процент на наплата за одржување на гробните места и за старателство над истите. На граѓаните овие можности ќе им ги направат подостапни, услугите ќе може да ги плаќаат  во центарот на градот.

„ Во зградата на Комуанлец е изнајмен простор и во тек е формирање на информативен центар и наплатна служба како што доликува за градот. Наплатата е катастрофална и се сведува на 10 до 15 проценти незнам од кои причини, но тоа нема да го оставиме така. Преземени се и други активности околку наплата и во изминативе денови има  прилив  на средства што е добро“, вели Симоноски.
ГГ
Покрај формирањето на наплатниот центар во план им е креирање на веб страна каде што граѓаните ќе се информираат за сите прашање поврзани со услугите на ЈП. Покрај набавката на калапи за лиење на бекатон плочки за сопствени потреби и за продажба, рестартирани  и формирани се нови услужни дејности  со кој ќе се обезбедуваат приходи за претпријатието, кажува Симоноски.

„ Сакам да се пофалам дека ЈП ќе почне со изработка на камено-резачки услуги за изработка на надгробни споменици, полирање и санирање на оштетни споемници  кои претрпијатието ги правело порано. Во последниве една година и пол  тие услуги не знам од кои причини биле изгубени. Формиравме и градежна група од работници кои ќе донесат  работа надвор од претпријатието“.  

Прашањето за намалување на цената за висината на гробните  места, кои сега се движат од 36.000 до 99.400 денари во зависност од локацијата во градските гробишта, од ЈП го префрлаат на  општинскиот совет. Оставаат тоа да го решат советниците кои  одлучуваат за формирање на цената. ЈП  ќе ја почитува нивната одлука, посочува директорот Симоноски.

{loadposition content9}