-Месецот февруари е посветен на подигнување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Градоначалнкот истакна и дека преку континуирана поддршка и конкретни активности можеме да придонесеме за поголема и инклузија, поквалитетен живот и зајакнување на нивните права и достоинство, а кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ има значајна улога во информирањето на јавноста, унапредувањето на разбирањето за овие состојби и разбивање на предрасудите.
Општина Охрид во континуитет ја поддржува оваа кампања, затоа што само преку заедничка соработка со цел да изградиме похумано и посолидарно општество.
Со ваквите активности, институциите испраќаат јасна порака дека лицата со ретки болести не се сами и дека нивните потреби и права остануваат високо на агендата.
