Skip to main content

Градоначалникот Пецаков со отчет за првата година од вториот мандат, нови инвестиции и проекти во Охрид

Првата година од вториот мандат со отчет за реализираните проекти во Охрид
 |  инфодеск  | 

Првата година од вториот мандат ја одбележаа континуитет, нови капитални инвестиции и развој на Охрид, оценува градоначалникот Кирил Пецаков, посочувајќи на реализираните и започнатите проекти во повеќе области.

Како што наведува Пецаков, во делот на инфраструктурата во тек е изградбата на катната гаража во центарот на градот, а целосно се реконструирани плоштадот „Чинар“ и „Холандскиот парк“. Обновени се и улиците „Прилепска“, „Аџи Мустафа“ и „Кленоец“, каде е поставена нова канализациона мрежа, како и повеќе патни правци кон Завој, Лескоец–Велгошти, Горно и Долно Лакочереј и Орман. Меѓу проектите ги посочува и изградбата на пречистителната станица во Трпејца и модернизацијата и автоматизацијата на пумпната станица „Метропол“, со што, како што наведува, се продолжува со активностите за заштита на Охридското Езеро.

Во областа на образованието и младите, градоначалникот ги издвојува новата спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец, реконструкцијата на гимназијата „Св. Климент Охридски“, за која се инвестирани над 100 милиони денари, како и изборот на идејното решение за Младинскиот културен центар во поранешната касарна. Продолжува и стипендирањето на ученици и студенти.

Во спортот, како најголем успех е посочено освојувањето на ЕХФ Европскиот куп од страна на ГРК Охрид. Во културата и туризмот, пак, реализирани се јубилејни и традиционални изданија на Ohrid Wine Festival, Ohrid Water Festival и Ohrid Jazz Festival.

Градоначалникот се осврнува и на заштитата на охридското природно и културно наследство, при што го посочува продолжувањето на рокот до 2031 година за спроведување на препораките на УНЕСКО и заштита на Охридскиот регион.

„Продолжуваме уште попосветено да градиме современ, функционален и развиен Охрид“, порача градоначалник/