Skip to main content

Градоначалникот Никола Бакрачески, кум за Водици

Здружението Богојавление го покани градоначалникот да биде кум на манифестацијата Водици 2014-та. О. Се чека неговиот одговор.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vodici
водици

Здружението Богојавление го кани Градоначалникот Никола Бакрачески да биде кум за Водици. Поканата веќе е испратена до Градоначалникот, а била во согласност со традицијата на здружението на секој ново избран градоначалник во првата година од мандатот да му се понуди кумство за Водици. Се очекува Бакрачески официјално да се произнесе за иницијативата на „Богојавление.

Инаку, здружението интензивно се подготвува за манифестацијата  Водици 2014-та. Од таму велат дека интенција им е бројот на гостите кој минатата година изнесуваше околу 3000 да го зголемат. Димитри Пендов, член на здружението вели дека и оваа година ќе има многу новини со кои ќе ги привлечат гостите. кум

Упативме покана до рускиот претседател, Владимир Путин и до други видни државници. Очекуваме одговор, вели Пендов.

На манифестацијата Водици уште поголема димензија и дава и минатогодишното аплицирањето за влез во Гинисова книга на рекорди.

Чекаме уште на резултатите од Гинис. Не оди постапката брзо, но се надеваме дека до Водици ќе добиеме убава вест дека сме станале дел од гинисовото семејство, вели Пендов.

Пендов проговори и за изработката на споменикот кој треба да се подигне на охридското пристаниште. Тој вели дека најверојатно до водици ќе се изработи само постаментот на споменикот бидејќи процесот на леење е многу сложен и бавен. Градоначалникот пак пооптимистичен во неговите очекувања.

Ние сме во постојан контакт со Г-динот Ванчо Чифлиганец кој е финансиер на изработката на спомен-обележјето. Денес тој ќе се сретне со службите од урбанизам. Убеден сум дека споменикот ќе биде изработен и поставен пред овогодинешниот празник, вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Оваа манифестација одамна ги надмина локалните граници. Како што таа расте, растат и потребите околу нејзината организација. Од здружението Богојавление очекуваат целосна подршка и финансиска помош од новата локална власт.

{loadposition content9}