Охридските пензионери на прием каj Градоначалникот Никола Бакрачески
Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше средба со претставници на Здружението на пензионери од општините Охрид и Дебрца, на која им го честита освеното прво место на Деветнаесеттата спортска олимпијада на пензионерите на Република Македонија. Претставниците на пензионерите се заблагодарија на честитките и најавија дека нивните спортски успеси ќе продолжат и во иднина и дека со тоа им даваат пример на помладите генерации.
Охридските пензионери на прием каj Градоначалникот Никола Бакрачески. Повод за тоа се постигнатите резултати и освоеното прво место на Деветнаесеттата спортска олимпијада на пензионерите на Република Македонија. Претседателот на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески се заблагодари во име на нивните 9.600 членови и рече дека соработката со Локалната е на завидно нива, а оти се надева дека во иднина ќе биде уште поуспешна.
Пензионерот Цветко Попоски и оваа година освои златен медал во стрелаштво. Тој раскажува дека досега седум пати се закитил со ова одличје. Пензионерите спортисти велат дека постигнатите резултатаи се должат пред се на големиот ентузијазам, залагање и вежбање.
Многу време се подготвуваваме и иако нашава општина брои помалку пензионери, а здружението ни е со блокирана сметка ние и оваа година победивме, вели Попоски.
Градоначалникот изрази задоволство од постигнатите резултати на охридските пензионери и рече дека тие се достоен репрезент и промотор на градов.
Ви го честитам освојувањето на првото место и преодниот пехар на Деветнаесеттата спортска олимпијада на пензионерите на Република Македонија. Воедно, Ви ги чеситам и освоените пет златни, четири сребрени и една бронзена медаља, како и двете петти, двете седми и едното осмо место за кои се изборивте во 11 спортски дисциплини во конкуренција на 400 пензионери од 43 здруженија.На пензионерските олимпијади веќе четири години го освојувате првото место и затоа Вашите витрини ги краси големиот пехар во трајна сопственост. Тоа е круна на Вашите спортски успеси, кои се надевам ќе продолжат и во наредните години- рече градоначалникот Никола Бакрачески.
Градоначалникот додаде дека се што е договорено со потпишаниот меморандум за соработка ќе се оствари и дека во меѓувреме ќе се договараат и други заеднички проекти. Пензионерите се заблагодарија на честитките и најавија дека нивните спортски успеси ќе продолжат и во иднина и дека со тоа им даваат пример на помладите генерации.
Тие им порачаа што повеќе да спортуваат и да се дружат бидејќи на тој начин позитивно ќе си го пополнат своето слободно време.
{loadposition content9}