Градоначалниикот Пецаков на средба со претставниците на Американскиот совет на млади политички лидери
Градоначалникот Кирил Пецаков заедно со секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, вчера, остварија средба со претставниците на Американскиот совет на млади политички лидери. Ова е втора средба што градоначалникот Пецаков ја има остварено во Охрид со претставници од Советот.
На средбата беше разговарано за начинот на кој функционира Локалната самоуправа, начинот на кој е поставен политичкиот систем на функционирање, како и за културно историските знаменитости на градот и УНЕСКО.
Заедно беше констатирано за веќе добро воспоставената меѓусебна соработка која треба дополнително да се продлабочува со конкретни чекори.
Пецаков потенцира дека во рамките на оваа соработка во 2022 година беше гостин на Американскиот совет на млади политичари во Америка.