Skip to main content

општина дебрца

Градоначалникот на Дебрца ги прими најдобрите ученици од ООУ „Дебрца” Белчишта

На најдобрите ученици градоначалникот Ногачески им додели пригодни плакети и парични награди, на првенецот на генерацијата 15.000 денари, а на учениците на генерација по 7.500 денари. Исто така, на сите завршени полуматуранти општината ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески ги прими најдобрите ученици, односно првенецот на генерација Анастасија Тупанческа и учениците на генерација Рената Јолакоска и Стефани Николоска за учебните 2021-2025 година од ООУ „Дебрца” Белчишта.

На најдобрите ученици им додели пригодни плакети и парични награди, на првенецот на генерацијата 15.000 денари, а на учениците на генерација по 7.500 денари. Исто така, на сите завршени полуматуранти општината ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.

-Како општина остануваме посветени на поддршката на сите ученици,а особено на учениците кои покажале одлични и особени резултати во образовниот процес, се вели во соопштението од градоначалникот Зоран Ногачески.