Skip to main content

Протоколарна средба

Градоначалникот на Ракалмунто во посета на Охрид

Градоначалникот Пецаков и градоначалникот на Ракалмунто, Винченцо Маниглиа, разговараа за воспоставување на соработка во повеќе области.
 |  инфодеск  | 
Градоначалник Ракалмунто

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со неговиот колега, градоначалникот на општината Ракалмунто, Винченцо Маниглиа.

На средбата градоначалниците разговараа за воспоставување на соработка во повеќе области. Бидејќи и двата градови изобилуваат со културно – историски знаменитости се отвораат можности за соработка во областа на зачувување и нивно промовирање.

Градоначалник Ракалмунто

Соговорниците разговараа и за предизвиците со кои Охрид се соочува во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и за ЕРАЗМУС + програмата и за размена на искуства.