Градоначалникот на Охрид Кирил пецаков денеска оствари средба со дел од кошаркарите и претставници на Градскиот кошаркарски клуб Охрид.
На средбата разговаравме за тековните натпреварувања и успесите кои ги постигнуваат. Во знак на благодарност за личната сорабтока која што ја имаме и соработката со Општина Охрид ми беше врачен дрес. Нашата замисла е континуирано вложување во спортот со цел градење на здрави навики кај младите и децата – информираше градоначалникот Пецаков.