Skip to main content

Општина охрид

Градоначалникот на средба со ГКК Охрид

„Нашата замисла е континуирано вложување во спортот со цел градење на здрави навики кај младите и децата“, вели градоначалникот Пецаков.
 |  инфодеск  | 
ГКК Охрид

Градоначалникот на Охрид Кирил пецаков денеска оствари средба со дел од кошаркарите и претставници на Градскиот кошаркарски клуб Охрид.

На средбата разговаравме за тековните натпреварувања и успесите кои ги постигнуваат. Во знак на благодарност за личната сорабтока која што ја имаме и соработката со Општина Охрид ми беше врачен дрес. Нашата замисла е континуирано вложување во спортот со цел градење на здрави навики кај младите и децата – информираше градоначалникот Пецаков.