Skip to main content

Честитка

Градоначалникот Пецаков го честита Рамазан Бајрам

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, упати честитка до сите сограѓани со муслиманска вероисповед и до претставниците од исламската верска заедница во Македонија по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.
 |  инфодеск  | 
Кирил Пецаков

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, упати честитка до сите сограѓани со муслиманска   вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.

На сите охриѓани со муслиманска вероисповед, како и на претставниците од исламската верска заедница во Република Македонија, срдечно им го честитам Рамазанскиот Бајрам. Празникот нека внесе радост, мир и среќа во домовите и меѓу сите луѓе, а духот на рамазанскиот месец нека го достигне врвот на својата суштина и значење преку добрите човечки односи, искреност, хуманост и простување меѓу луѓето. Во тешките времиња најснажна се покажала човечноста, слогата и солидарноста. Во време на искушенија, најголема вештина е да се сочува силата, а храброст е туѓите желби да се стават пред своите. На сите, Рамазан Бајрам нека им донесе  семејно единство и општествена солидарност.

Денеска како никогаш досега потребно ни е да ги поддржуваме напредните идеи и да помагаме со дела. Ви посакувам Рамазанскиот Бајрам да го дочекате во добро здравје и пријатно расположение со убедување дека деновите што се пред нас ќе донесат нови поводи за радост –  стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков, по повод празникот Рамазан Бајрам.