Општина Охрид
Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорката на Србија Невена Јовановиќ
Соговрниците разговараа на актуелни теми кои го засегаат регионот.
Во официјална посета на Општина Охрид, денес, беше амбасадорката на Република Србија Н.Е. Невена Јовановиќ.
На средбата градоначалникот и амбасадорката ги истакнаа добрите и пријателски односи помеѓу македонскиот и српскиот народ.

Изразија желба и подготвеност ваквите односи дополнително да се надоградат со остварување на соработи во повеќе полиња. Потенцирано беше дека отворањето на сезонската авиолинија Охрид – Белград е од големо значење за развојот на туризмот во Охрид.
Соговрниците разговараа и на актуелни теми кои го засегаат регионот.


