Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, се учесници на програмата за размена на политички лидери поддржана од Амбасадата на САД во Македонија и имплементирана од Американскиот Совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders).
Продуктивна средба со Douglas Heye, служел на водечки комуникациски позиции во Претставничкиот дом и Сенатот на Соединетите Американски Држави, како и директор за комуникации на Републиканскиот Национален Комитет. Оваа програма се фокусира на теми што се однесуваат на демократско владеење, креирање политики, изборни и судски системи и активно граѓанство. Програмата промовира одржлива професионална врска и пријателство помеѓу Република Македонија и САД – објави Митева на Фејсбук.